Поранешен возач во Формула 1 победи на „Инди 500“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поранешниот Формула 1 возач, Маркус Ериксон ја освои најголемата победа во својата тркачка кариера откако триумфираше на овогодинешното издание на 500 милји во Индијанаполис.

Швеѓанецот беше исклучително „мирен“ во првите 182 круга во кои се движеше во втората половина од топ 10, но беше блиску зад водечките. Тој го направи својот одлучувачки напад во раната 183-та рунда кога го престигна возачот на Мекларен, Пато О’Ворд кога се приближуваше до првиот свиок.

Тој потоа имаше мало водство пред Мексиканецот, но несреќата на тимскиот колега на Ериксон од Ганаси, Џими Џонсон, ја прекина трката пет круга пред да заврши. Беше обновена, на само две рунди, во кои Ериксон мораше да издржи вкупно два напада на О’Ворд, што го направи совршено.

Така, Швеѓанецот постигна успех на една од најпрестижните трки со автомобили, а второто место му припадна на О’Ворд. На триото му се придружи уште еден тимски колега на Ериксон – Тони Канан. Бразилскиот ветеран беше четврти пред продолжението на трката на две кола пред крајот, но со многу агресивен маневар го престигна Феликс Розенквист од Мекларен и заврши на третото можеби последно учество на „Инди 500“.

Стартерот од пол-позицијата, Скот Диксон, заврши само на 21. место, иако водеше најмногу кругови од сите во трката – 95 обиколки. Но, Новозеланѓанецот сепак направи сериозна грешка по своето последно застанување во боксот, кога не успеа навреме да застане и ја надмина брзината на почетокот од алејата пред боксот. Ова веднаш му донесе казна за минување низ боксот, што го исфрли од 20-те најдобри.

Слични содржини