Поранешна на Том Круз: Тој е злобен!

од Vladimir Zorba

Не е тајна дека Том Круз одамна е следбеник на Скиентологијата. Кон истото слово приврзаник е и неговата прва сопруга Мими Роџерс.

Покрај своето “хоби” сепак актерот доби и доста проблеми во личен план. Се смета дека токму Скиентологијата е во основата на разделбата со Кејти Холмс.

Според Мими Роџерс проблемите на Том доаѓаат од неговиот тежок карактер. Таа вели во едно интервју дека Круз не е најпријатниот човек со кого се сретнала во животот, пишува OK Magazine.

“Тој не е добар човек. Вие го познавате како јавна личност, која се смешка и разговара со сите. Може да останете со впечаток дека тој е многу внимателен, но никој не знае дека тоа е маска која крие совршено друг човек … Може да се каже дека со сите е таков, но и луѓето кои работеле со него и во скиентолошката црква велат дека тој е зло. Тој многу потсетува на лидерот на Скиентологијата Дејвид Мискевиџ. Може и да се близнаци “објаснила таа.

Мими Роџерс не за првпат се изјаснува неласкаво за поранешниот сопруг. Некои сметаат дека таа го користи за да си направи сопствен ПР.

Слични содржини