Поранешната девојка на Ед Ширан се мажи за негов двојник (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната девојка на пејачот Ед Ширан, Атина Андрелос, годинава ќе се венча со „двојник“ на Ед, пишуваат странските медиуми. Ширан беше во врска со Атина во 2014 година, но тие раскинаа по само една година.

И двајцата продолжија со своите животи, а Атина го пронајде партнерот Ник, со кого сега е верена и планираа да се венчаат во 2020 година, но короната им ги попречи плановите.

Поранешното момче Ед и сегашниот свршеник Ник се многу слични. И двајцата имаат портокалова коса и брада.

Атина и Ед, наводно, се скарале во февруари 2015 година, на доделувањето на Brit Awards.

Слични содржини