Џастин Маск, поранешната сопруга на Елон Маск, еден од најпознатите претприемачи на денешницата има свое видување како да станете богати.
Според неа, не е работата во тоа колку сте вредни, туку во нешто друго.
„Префрли го својот фокус од она што го сакаш (милијарди долари) и навистина посвети се на тоа да откриеш тоа што на светот му треба. прашај се што е тоа едноставно што ти го имаш, а ни еден компјутер не може да го замени, што никој не може да го најде поевтино, никој не може да ти го украде и да те прати во заборав“, порача таа во еден говор.
„Одбери една работа и стани експерт. Одбери и друга работа и стани експерт и за неа. А кога ќе станеш експерт во два света, да речеме во инженеринг и бизнис, може да ги поврзеш така што ќе ги споиш новите идеи за да се родат нови бебиња идеи кои никој не ги видел, но и да направиш компетитивна предност затоа што можеш да се движиш меѓу световите, ги зборуваш двата јазици, ги поврзуваш племињата и елементите за да имаш креативен увид во сѐ, се додека не се разбудиш со идеја која ќе ти го смени животот“, вели поранешната сопруга на Елон Маск.