Поранешниот шеф на сицилијанската мафија префрлен од затвор во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот шеф на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро е префрлен од затвор во болница, објавија денеска италијанските медиуми, а еден од неговите адвокати изјавил дека неговата здравствена состојба се влошила и дека му е потребна итна медицинска помош.

Месина Денаро (61) боледувал од рак кога бил уапсен во јануари во Палермо по 30 години бегство, пренесува „Ројтерс“.

Тој е префрлен под силно обезбедување во болницата „Сан Салваторе“ во градот Аквила во централна Италија, во близина на затворот во кој ја отслужува казната, јави италијанската новинска агенција Анса.

Слични содржини