Поранешниот сопруг на Бритни обвинет за следење: Еве колку ќе плати за упадот на венчавката

од Stefanija Kuzmanovska

Бритни Спирс пред неколку дена се омажи за својот долгогодишен партнер Сем Асгари, а нејзиниот поранешен сопруг се обиде да ја уништи венчавката.

Имено, Џејсон Александер, поранешниот сопруг на Бритни, е уапсен откако без дозвола упаднал во домот на пејачката во Калифорнија.

На Џејсон веднаш му било забрането да се приближува до пејачката и нејзиниот сопруг, како и до нивниот дом, но забраната траела само два дена.

Но, сега, по рочиштето на кое тој рече дека не е виновен за следење, сепак доби казна.

Џејсон присуствувал на судењето преку видео повик, а судијата пресудил дека тој сепак е виновен. Тој е казнет со 100.000 долари и забрана за приближување до Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Сем на три години.

Да потсетиме, Александер е пријател од детството на Бритна, со која се омажи во 2004 година, но се разведоа само два дена подоцна.

Слични содржини