298
Дискретно маскираниот Porsche Taycan изминатиот викенд за првпат се појави пред публиката на манифестацијата Goodwood Festival od Speed во Англија. Во пресрет на септемвриската официјална премиера на овој автомобил, тој за првпат го почувствува отворениот асфалт и за момент ги сите очи беа вперени во него.
Зад управувачот на спектакуларниот Porsche Taycan седеше некогашниот Формула 1 возач Марк Вебер. Овој електричен модел е заснован на концептот Mission E од 2015 година, а компанијата од Штутгарт веќе се подготвува за проширување на производните капацитети, бидејќи интересот за него уште сега е огромен.