Портпаролот на Зеленски: Претседателот не го потврди падот на Бахмут

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не потврди дека руските сили го зазеле градот Бахмут на истокот на Украина, изјави денеска неговиот портпарол Серхиј Никифоров.

Никифоров на Фејсбук напиша дека на новинарско прашање дали е вистина дека Русите рекле дека го освоиле Бахмут, Зеленски одговорил: „Не мислам така“.

„На овој начин, претседателот негираше дека Бахмут бил окупиран“, тврди Никифоров, пренесе Ројтерс.

Слични содржини