„Пошта“ ја избра Халк банка за соработка

од Nikola Popovski

По прекинот на платниот промет со Еуростандард банката поради стечај, денеска Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ со кој претседаваше новиот директор Јани Макрадули ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба.

Според објавеното соопштение, Управниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на  Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје.

Слични содржини