После 8 години „Мекдоналдс“ повторно на македонскиот пазар?

од Nikola Popovski

Македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции, па се чини дека и „McDonald’s“, кој располага со повеќе од 31.000 ресторани низ светот, ќе се прошири и на територијата на нашава земја, односно ќе се врати после 8 години, пишуваат дел од медиумите.

Компанијата „СЈ“ ја доби франшизата на Мекдоналдс во Македонија пред 15 години, односно во 1997 година.

„Како последица на околности кои се надвор од наша контрола, побарано е од нас да ја запреме работата на Мекдоналдс рестораните на територијата на Македонија од 14 мај. Бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonald’s корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија“, пишуваше од допписот на „СЈ“ до македонските медиуми, во тогашната 2013 година.

Првите ресторани ,,Мекдоналдс’’ се отворија во САД, Канада, Костарика, Панама, Јапонија, Холандија, Германија, Австралија, Франција, Ел Салвадор и Шведска. Во моментов корпорацијата како датум на нејзиното основање го смета франшизното отворање на ресторан од Реј Крок, во Илиноис на 15 април 1955. Kрок подоцна го повлекол капиталот на браќата Мекдоналд во компанијата што доведува до светска експанзија ,со што во 1965 година компанијата котираше на јавните пазари на акции. Со проширувањето на ,,Мекдоналдс’’ во многу меѓународни пазари, компанијата стана симбол на глобализацијата и на ширењето на американскиот начин на живот. Нивната слава, исто така, ги доведе до честа тема на јавни дебати за дебелината, корпоративната етика и одговорност на потрошувачите.

loading...

Слични содржини