Француската лизгачка Габриела Пападакис толку се занесе во текот на извршувањето на кратката слободна програма при танцови парови на Олимпијадата во Пјонгчанг дека не забележа веднаш мал проблем со опремата.
За време на танцот таа така беше свртена од партнерот Гијом Сизерон дека фустанот и се помести и левата нејзина града „излезе“ пред сите гледачи во салата.
Директниот пренос пак привлече милиони погледи на импровизираниот стриптиз, со неколку успорени повторувања.
„Ми се случува за прв пат. Се остварија моите најлоши кошмари. Почувствував и почнав да се молам. Тоа беше сè што можев да направам“, изјави по завршувањето на танцот Пападакис.
Француската двојка е рангирана на второ место по Канаѓаните Теса Вурчу / Скот Моир.