Најмалку 60 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиштето во Конго

од Radmila Tasevska

Најмалку 62 лица загинаа како последица на невремето во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила откако силните дождови во текот на ноќта во вторникот предизвикале поплави и лизгање на земјиштето, поради што жителите биле принудени да копаат низ калта за да ги пронајдат телата на жртвите.

Лизгањето на земјиштето проголта куќи, цркви и патишта, уби цели семејства и остави многу луѓе без покрив над главата, наведуваат британски медиуми.

Слични содржини