ПОТЕГ ЗА ИСТОРИЈА: Меси е трет најефикасен играч на планетата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лионел Меси во подготвителниот период најави дека оваа сезона повторно ќе помине во негов знак, што го потврди и на првиот меч од Лига 1 кога со два гола и асистенција ја потврди победата на ПСЖ против Клермон од 5:0.

Историски беше и тој последен гол во 86. минута, постигнат со полуножички од десетина метри, не толку поради атрактивноста, туку затоа што беше 772. натпреварувачки гол за него, со што се израмни со Ромариo на третото место на вечната листа на стрелци.

Според статистиката на ИФФХС (Институт за фудбалска статистика), Аргентинецот на 976 натпревари постигна 772 гола со 332 асистенции и на тој начин застана покрај Ромарио кого наскоро ќе го остави зад себе.

Пред него се уште Јозеф Бицан (805) и Кристијано Роналдо со 815 голови.

– Голот на Меси? Тоа е Лео, нема што да се додаде, Сите знаеме што е способен да направи. Играше 17 години на врвно ниво, последната му беше тешка, но се навикна. Направи комплетни подготовки, го организираше семејниот живот, се навикна на клубот, соиграчите и не гледав причина зошто нема да има одлична сезона. Кога Мбапе ќе се опорави, ќе има уште поголема моќ. Го знам тоа“, изјави тренерот на Парижаните, Кристоф Галтие.

Слични содржини