ПОТРЕСНИ СЦЕНИ ОД ГРЦИЈА: Уништени домови, црква само што не се распаднала (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
873 прегледи

Во местото Месохори, кое се наоѓа недалеку од Еласон во Грција, кое денес беше погодено од разорниот земјотрес, многу домови беа уништени, а локалното население со страв гледа во црквата Свети Димитрија, која се заканува да пропадне во секој момент.

Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала предизвика страшна штета на ова место, а Дамаси не помина ништо подобро, каде што некои куќи целосно се срушија, објавија грчките медиуми, кои објавија фотографии по страшниот земјотрес.

Земјотресот се случи нешто после пладне и се почувствува низ цела Грција и Балканот.

Луѓето во Грција излегле од своите домови во паника бидејќи сè околу нив се рушело. На места далеку од епицентарот, за среќа, е предизвикана помала штета, додека на некои места кои се близу Еласон и Лариса, сè изгледа стравично.

Слични содржини