Потресно: Верно куче со години го чека починатиот сопственик на истото место (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Осамено куче пред вратата на едена институција на државниот нафтен универзитет во Уфа, предизвика бран од сочувство на социјалните мрежи, соопштува РИА Новости.

Според информациите на локалната агенција Башинформ, жителите на градот раскажуваат дека веќе неколку години тоа црно куче  секој ден на истото место без оглед на сезоната го чека непознатиот си домаќин, кој најверојатно починал.

Тоа не оди од своето место дури и во студените денови и преживува благодарение на сочувствителни минувачи кои го споредуваат со легендарното јапонско куче Хатико .

Видеото со вистинското куче веќе собира многу обожаватели на интернет и со секој изминат ден расте надежта дека доброто животно ќе најде топлина и атмосфера за Божиќ кај некој нов стопани во некој гостопримлив дом. 

Инаку на 8 март 1935 година во Токио умира кучето Хатико, кое цели 9 година секој попладне чека  на станицата да се врати починатиот  му домаќин. Тоа се претвори во симбол на верност и посветеност во Јапонија.

Кучето Хатико, раса Акита-ину, се родило  на 10 ноември 1923 година во јапонската префектура Акита. Фармерот одлучува да му подари кученце на професор Хидесабуро Уено од Токискиот универзитет.Новиот сопственик му дава име Хатико (осмиот).

Кога Хатико ќе порасне  тој насекаде го  следи газдата. Професорот секој ден оди во градот на работа, затоа кучето го придружува до влезот на станицата Сибу , а потоа во 15 часа повторно се враќа, за да го пречека.

На 21 мај 1925 година професорот добива инфаркт на универзитетот. Лекарите не успеаја да му го спасат животот и тој повеќе не се враќа дома. Хатико кој во овој момент е на 18 месеци, во овој ден и не го дочекуква домаќинот, но почнува да доаѓа пред станицата секојдневно, трпеливо чекајќи до доцна навечер. Ноќева под крошна на надворешниот влез на професорския дом.

Иако се направени многу многу обиди кучето да биде засолнето во домот на пријатели и роднини, тоа секогаш продолжува да се враќа на станицата. Локалните трговци и железничари  го хранат Хатико, восхитувајќи се на неговата упорност.

Кучето станува познато во цела Јапонија во 1932 година по објавен во еден од најголемите весници на Токио статија “пред стартот куче очекува враќање на домаќинот “. Историјата ги покорува срцата на Јапонците и на станица Сибу почнуваат да пристигнуваат љубопитни со цел да го видат кучето.

Хатико доаѓа на станицата во текот на вкупно 9 година до неговата смрт на 8 март 1935 година Мртвиот Хатико е пронајден на улица недалеку од станицата.  По неговата смрт, поради добиениот голем јавен резонанца, во Јапонија е прогласен ден за жалост.

На 21 април 1934 година на Хатико уште додека беше жив е подигнат споменик на чие откривање кучето лично присутвува. За време на Втората светска војна споменикот е уништен – неговиот метал е употребен за воени потреби. Но Јапонија не го заборава кучето и по завршувањето на војната, во август 1948 година, споменикот е обновен. Сега статуата на Хатико крај станица Сибу е место за средби на вљубени, а самиот образ на кучето станува во Јапонија пример за беззаветна љубов и верност.

Покрај тоа, секоја година се одржува Хатико фест – обожување на споменикот на Хатико, познат во цела Јапонија.