Три месеци после породувањето, најмалата сестра од семејството Кардашијан, продолжува да објавува интимни фотографии на социјалните мрежи, од нејзината ќерка Тру.
Имено, Клои Кардашијан на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата 3-месечна ќерка, која ги разнежни сите свои обожаватели.
Најголемо внимание привлекуваат преубавите очи на малата Тру, кое не ги остави рамнодушни фановите на нејзината мајка:
„Погледни ги тие очи!“, „Не престанувај да ја покажуваш својата преубава ќерка. Таа е кукла!“, „ Колку преубаво бебе! И тие очи! Прекрасно!“
Малата Тру, зелените очи ги наследила од својата мајка, додека со изгледот потсетува на нејзиниот татко, Тристан Томпсон.
Фотографијата за само неколку денови собра повеќе од 4 милиони лајкови, што е доказ дека Инстаграм следачите на Клои ја обожуваат преслатката Тру, а за тоа сведочат и останатите фотографии на кои, исто така, собрала милиони лајкови.