Поубаво не можеше – Интер го совлада Милан и стана шампион на Италија

од Симе Стоиков

Фудбалерите на Интер го совладаа градскиот ривал Милан во „Дерби дела Мадонина“ со 2:1 и триумфално ја освоија титулата во Серија А.

До популарното Скудето стигнаа на пет кола пред крајот, бидејќи имаат 17 бода повеќе од второпласираните Росонери. Ова им е 20-та титула во италијанското првенство, а последен пат на тронот беа во сезоната 2020/21.

Интер одлично влезе во натпреварот и поведе во 18. минута. Корнерот одлично го испрати Бенџамин Павар, од првата статива ја префрли топката на другата страна, а најдобро се снајде Франческо Ачерби, кој погоди за 1:0.

Веднаш по враќањето на теренот, веќе во 49. минута гостите го удвоија водството. Маркус Турам ја круниса соло акцијата со гол – 2:0.

Милан се врати во игра во 80. минута, погоди Фикајо Томори. Тој налета на одбиена топка и ја упати во мрежата од шеснаесетникот – за 2:1.
По тој гол се гледаше ВАР, но се беше чисто и голот беше потврден.

До крајот на натпреварот во судиското надополнување, Тео Хернандез беше исклучен и доби директен црвен картон. Низ истото помина и Дензел Дамфрис. Двајцата предвреме го напуштија теренот поради конфликтот.Црвен картон поради неговиот невнимателен старт доби и Давиде Калабрија.

Слични содржини