Повеќе нема гужва на грчката граница, тестирањата многу ретки

од Aleksandar Petrovski
376 прегледи

Гужвите на преминот Промахонас на бугарско-грчката граница се намали, а тестовите на српските туристи од корона кога влегуваат во Грција се многу ретки, пренесува туристичкиот портал Грција Инфо.

Како што е наведено, според информациите на српските туристи, повеќе не чекаат неколку часа за да влезат во Грција, а во последните денови, формалностите на премини траат од дваесет минути до половина час.

До неодамна, сите посетители мораа на граница да остават податоци во кое место одат и телефонскиот број, додека сега грчките власти се помалку ги побараат тие информации.

– Туристите пренресуваат дека тестот не е страшен, дека не боли и дека личи како брис од грлото: Ја отворате устата и ќе кажете – Ааа, а медицинските техничари ќе земат примерок од вас. Доколку некој е позитивен на вирусот, ќе добие порака во рок од три дена на телефонскиот број што го оставиле на границата. Ако пораката не пристигне, тоа значи дека сè е во ред – наведува Грција инфо.

Во моментов Грција има најголем број туристи кои доаѓаат со своите автомобили, а тоа се Срби, Бугари и Романци.

Сè уште нема Германци, Англичани, Македонци или туристи од БиХ и други, кои ќе започнат да пристигнуваат околу 1 јули.

Повеќето барови на плажите и продавниците ќе бидат отворени од 1 јули па натаму.

Граничниот премин Евзони, меѓу Северна Македонија и Грција, се очекува да биде отворен на 1 јули.

Засега, туристите можат да се вратат во Србија преку Северна Македонија, со максимален престој од пет часа во Северна Македонија.

Владата на Северна Македонија донесе одлука да ги отвори сите гранични премини од 26 јуни без дополнителни ограничувања.

Грција има просек од 10 до 15 новозаразени од коронавирус дневно, а бројот на починати е многу мал.

Во изминатите седум дена, тестовите што беа направени случајно на границата меѓу Бугарија и Грција, покажаа пет случаи позитивни на ковид-19, пренесува порталот „Грција инфо“, додавајќи дека не биле информирани дека меѓу позитивните имало туристи од Србија.

Исто така, од 15 јуни, кога се отворија аеродромите во Солун и Атина, тестовите откриле 21 авио патници позитивни на вирусот.

Меѓу нив имало патници од летот од Белград, но бидејќи белградскиот аеродром е наведен само како појдовен аеродром, тоа не значи дека станува збор за српски туристи.