Повеќе од 750 Македонци денес и утре се вакцинираат во Врање

од Nikola Popovski

Повеќе од 750 граѓани на С. Македонија денеска и утре ќе ја примат првата доза на вакцина во Врање, соопштил Здравствениот дом на градот. Во тој град досега се вакцинирани 1.105 Македонци.

Досега, 836 Македонци ги примиле обете дози на вакцината Ковид-19 во Врање, а за време на викендот, уште 753 лица ќе ја примат првата доза на вакцината Фајзер на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала, пишува „Јужне вести“.

Инаку, од почетокот на вакцинацијата, во Врање се дадени вкупно 49.636 дози вакцини, од кои 26.380 граѓани на Врање биле вакцинирани со првата доза, додека 22.148 граѓани биле целосно имунизирани.

Според Здравствениот дом во Врање, двете дози на вакцината на „Синофарм“ ги примиле 34.880 лица, а на Фајзер 7.691, Спутник V 1919 , додека со Астра Зенека се вакцинирале 866 лица.

Слични содржини