Повеќе од еден милион лица се потпишаа на петиција за втор референдум за „Брегзит“

од desk4
111 прегледи

Над еден милион луѓе се потпишале на петиција за спроведување во Велика Британија на втор референдум за „Брегзит“, соопшти синоќа весникот „Индипендент“. 

„Во 2016 година луѓето го изразија своето мислење дали да останеме во ЕУ или да ја напуштиме. Сега, кога фактите се изнесоа, дојде време луѓето да го кажат одлучувачкиот збор по самиот договор, додека не биде предоцна“, се наведува во петицијата, која беше објавена на change.org пред три месеци.

Во моментов главен проблем во преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ е режимот на контрола на границата меѓу Ирска, која останува членка на блокот, и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.

Слични содржини