Повеќе од десетина маркети затворени поради непочитување на „гарантираната цена“

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека повеќе од десетина маркети низ државата се затворени поради непочитување на мерките на Владата за „гарантирана цена“ на производите. Како што истакна  Бектеши, затворени се трговски објекти од синџирите маркети во Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга.

-Денешните надзори ги немам, но до вчера повеќе од десетина маркети беа затворрени. До 30-ти ноември ДПИ ќе постапи согласно одлуката на Владата и Законот за заштита на потрошувачите. Целта на државата не е да ги затвори бизнисите, но кога таа треба да биде регулатор меѓу бизнисите и потрошувачите, сите треба да ги почитуваме мерките, кажа министерот.

Додаде дека ако граѓаните, производителите и дистрибутерите се општствено одговорни, тогаш и ланците маркети треба да бидат исто така општествено одговорни, рече Бектеши одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини