Познатиот музичар Зоран Маџиров според последните информации е во стабилна состојба, по тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот од Струмица кон Радовиш.Сообраќајната незгода се случи вчера попладне , околу 18 часот, кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш.

Сообраќајната незгода се случила попладнево, околу 18 часот, кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш.
Според првичните сознанија, Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.
Од страотната сообраќајка тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на радовишката Итна помош е префрлен во струмичката болница, од каде пак под итно е префрлен на КАРИЛ во Скопје.
Според сознанијата, Маџиров бил сам во автомобилот.Инаку, тој со своето семејство живее во Загреб, Хрватска, а е роден Струмичанец.
На светската јавност Зоран Маџиров и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња.