Повремени врнежи од дожд, температура до 15 степени

од Nikola Popovski

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 7 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во Скопје облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се искачи до 19 степени Целзиусови.

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.

Слични содржини