Повторно снег и засилен ветер од северозападен правец

од Vladimir Zorba
120 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

2 Куманово, 3 Маврово, 4 Лазарополе, Ѓуриште, Крушево, 5 Пожаране, Берово, 6 Дебар, 7 Тетово, Тополчани, 8 Претор, Кр. Паланка, Скопје, 9 Прилеп, Дојран, Битола, Скопје Петровец, Гевгелија, 10 Струмица, Д. Капија, Охрид, Штип, Виница.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

1 Ѓуриште, 2 Крушево, 4 Куманово, 6 Дојран, 8 Скопје, 10 Гевгелија, Дебар, 14 Лазарополе, 16 Маврово, 19 Тетово, 20 Пожаране.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта претежно облачно со засилен јужен и југоисточен ветер, на повеќе места со брзина од 50 до 70 км/час, а во Штипско и околу 100 км/час. Во втората половина од ноќта и во утринските часови во северозападните и југоисточните делови имаше врнежи од дожд, кои повремено беа и поројни.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, а попладне во источните делови, каде локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се очекува да наврнат над 25 л/м2, а можна е и појава на краткотрајно невреме. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во западните делови од југозападен правец. Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, но ќе се намалуваат по интензитет. Максимална температура од 12 до 20 степени.

 

Скопје

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено поројни и со услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен јужен ветер, кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Максимална температура до 16 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Утре и во петок ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.