Пожар во автобус на ЈСП

од Nikola Popovski

Полицијата известува дека синоќа избувнал пожар во автобус на ЈСП, во една од приградските линии.

Според полицискиот билтен, во 19.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Пакошево, скопско, настанал пожар во автобус сопственост на ЈСП, кој сообраќал на релација с.Ново Село-с.Зелениково.

Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Слични содржини