Пожар во станбена зграда во Словачка, загинаа четири лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку четири лица загинаа во пожар кој во текот на ноќта избувна во станбена зграда во Словачка, соопштија денеска официјални лица.

Околу 150 луѓе се евакуирани од зградата, соопштија пожарникарите.

Полицијата соопшти дека пожарот избувнал во стан на петтиот кат во градот Хандлова во централна Словачка.

Слични содржини