Пожар во турско летувалиште, повредени најмалку 19 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 19 лица се повредени во шумските пожари кои беснеат во турското летувалиште Датча, соопшти тамошното министерство за здравство.

Пожарот што избувна во средата се уште гори, а силниот ветер го отежнува гаснењето на пожарот.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 10 авиони и хеликоптери, а ангажирана е и воена опрема, пренесува „РИА Новости“.

Надлежните не ја исклучуваат можноста за саботажа и намерно подметнување пожар.

Слични содржини