Пожари беснеат во најпознатото турско одморалиште

од Vladimir Zorba

НЕКОЛКУ шумски пожари избувнаа во Анталија, популарна туристичка дестинација во Турција, откако ветровите носат пламен во правец на населените места, изјави локален официјален претставник за Си-Ен-Ен Турција.

Според Мустафа Јигит, службеник на градот Манавгат, три градски области биле евакуирани.

На снимките од локалните медиуми се гледаат темни облаци чад и пламен високи неколку метри. Туристите не се меѓу оние кои се загрозени во моментов, рече Јигит.

Службите за итни случаи се борат со пламенот од воздух. Кабинетот на гувернерот соопшти дека два канадери и 15 хеликоптери биле вклучени во гаснењето на пожарот.

Според локален официјален претставник, побарано е засилување од околните провинции.

Засега нема извештаи за повредени или смртни случаи. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Слични содржини