Позната манекенка по лошиот период повторно блесна на црвениот тепих (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата манекенка Кара Делевињ минатото лето беше во центарот на интерес за сите медиуми, откако во многу чудни изданија се појави во неколку наврати.

Имено, папараците ja снимале на аеродромот во Лос Анџелес одејќи во чорапи, со растурена коса и нервозно зборувајќи на телефон.

Како што пренеле ТМЗ, семејството и пријателите ја замолиле да оди на рехабилитација поради наркотици.

Сепак, Кара синоќа се појави на доделувањето на САГ наградите и го воодушеви светот со своето елегантно издание.

На црвениот тепих прошета целата во црно и со насмевка на лицето, а многумина коментираа дека очигледно лошиот период е зад неа.

Слични содржини