Познато е кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на агентот Џејмс Бонд

од Nikola Popovski

По филмот „Нема време за умирање“ (No time to die), кој ќе ја доживее својата премиера во ноември годинава, актерот Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд ќе го наследи Том Харди, пренесуваат странските медиуми.

Како што е веќе познато, „Нема време за умирање“ ќе биде петто и последно појавување на Даниел Крег како измислен агент на МИ6. Секако, обожавателите со години шпекулираат за тоа кој ќе го преземе Крег, а одговорот е – Том Харди, актерот најпознат по улогите во филмовите „Лудиот Макс“ и „Веном“.

Серијата шпионски филмови се базира на измислениот лик на агентот МИ6, Џејмс Бонд, „007“, кој првично се појави во романите на Јан Флеминг.

Досега во историјата на филмовите за Бонд, како актери во улогата се појавуваа Шон Конери, Дејвид Нивен, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег. Филмската франшиза Џејмс Бонд е една од најдолгите континуирани филмски серии во историјата, која е во продукција од 1962 година до денес.

Слични содржини