Пратениците на СДСМ ќе предложат законски измени за возачките дозволи да важат до нивно истекување

од Nikola Popovski

Пратеничката група на СДСМ ќе предложи измени на законот кој што беше донесен во 2021 година, со кој што ќе продолжи важноста на возачките дозволи, полиси на осигурување, сообраќајните книшки и сите други кои што се битни во моментов, за да нема застој во нормалното функционирање на државата. Ова денеска го истакна пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Студио 10“.

Доколку се усвојат измените, важноста на личните документи ќе биде на територијата на државата и ќе продолжи до регуларното истекување.

-Граѓаните не смее никој да ги казнува, истакна пратеникот.

Според партијата на власт, ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму.

За овие законски решенија, СДСМ очекува поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

-Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог, рекоа од СДСМ преку соопштение.

Слични содржини