Пратеник на ОН: Спорот за Кипар ќе биде решен до крајот на оваа година

од desk3
113 прегледи

Постигнат е голем напредок во разговорите за Кипар, а можно е и решение до крајот на годината, иако тоа звучи амбициозно, изјави норвешкиот специјален пратеник на ОН за Кипар Еспен Барт Еид.

kipar-karta-660x310

Тој оваа изјава ја даде како одговор на прашањето на агенцијата АНА, дали е остварлива најавата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, која ја даде кон почетокот на годинава, дека „проблемот со Кипар ќе биде решен до крајот на 2016“.

Еид истакна дека изјавата на Бан ја следеле бројни потврди од кипарскиот претседател Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинци, додавајќи дека ќе биде потребна „напорна работа ветеното да се постигне“.

– Звучи амбициозно, но е можно. Разговорите во Атина беа токму на темите за безбедноста и гаранцијата кога ќе стигнеме до моментот кога на маса ќе биде поставено прашањето за меѓународните димензии, нагласи Еид./MИА

Слични содржини