Претседателот на Движењето Двери, Бошко Обрадовиќ беше изнесен од Парламентот на Србија, откако на почетокот на седницата влегол во салата со свирче и почнал да свири покрај говорницата.

Претходно претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ му изрекла две опомени на Обрадовиќ по што му го одземала правото на збор и го исклучила од седницата. Гојковиќ потоа одредила 15 минути пауза за обезбедувањето да го изнесе Обрадовиќ.
Тој не сакал да ја напушти салата, продолжил да свири и да вика „долу влада“ и „доле Вучиќ“, а цело време стоел покрај министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Обрадовиќ не сакал да го послуша обезбедувањето и да излезе туку зборел дека сите мораат да држат растојание од него на два метри, колку што е пропишано заради коронавирусот.