„Пред една недела добивме пријава“: Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага, Давид Козак (24), во Хостуњ во округот Кладно, бидејќи некој се обидел да упадне во неа.

„Пред една недела добивме пријава за обид за грабеж во куќа во Хостоуњ. После тоа регистриравме целосна провала во куќата“, изјави за Novinki.cz портпаролката на полицијата Михаела Рихтерова.

Полицијата ги истражува двата случаја и започна да ја обезбедува куќата.

Полицајците се опремени со пушки како мерка на претпазливост низ целата земја.

Поради истрагата која е во тек, полицијата не соопштува колкава е штетата ниту дали е нешто украдено при кражбата.

Да потсетиме, Давид Козак на 21 декември уби 14 лица на Факултетот во Прага, а потоа се самоуби.

Живеел во куќа, а пред масакрот во Прага го убил својот татко.

Во прошталното писмо тој признал дека убил и маж и двомесечно бебе.

Слични содржини