Пред нас е најголемиот трансфер сезонава?

од Nikola Popovski

Ѕвездата на ПСЖ и двоен стрелец на последниот натпревар на натпреварот против Клермонт, Лионел Меси би можел да ги напушти парижаните.

Имено, како што пишува Форбс, Барселона и Меси ги рестартирале преговорите поврзани со враќањето на одличниот Аргентинец во редовите на каталонскиот клуб во 2023 година.

Според странските медиуми, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веќе стапил во контакт со таткото и агентот на Меси.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на 30 јуни следната година, иако постои опција за продолжување на уште 12 месеци.

Форбс пишува и дека стивнуваат наводите за евентуален трансфер на Меси во американскиот Интер Мајами.

Доколку следната година не го продолжи договорот со Барселона, Меси на 36 години би можел да потпише за Барселона како слободен играч.

Откако Лапорта изјави дека има обврска кон седумкратниот освојувач на Златната топка, гласините за враќање на Меси на Камп Ноу станаа уште погласни.

Слични содржини