Предизборната анкета во Франција ја фаворизира десничарскиот Национален собир

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Екстремно десничарската француска партија Национален собир (НС) ќе има поддршка од 35 отсто од гласачите во првиот круг од парламентарните избори на 30 јуни, покажуваат резултатите од последната анкета за весникот Еко и Радио Класик.

Ваквите прогнози ја потврдуваат неодамнешната убедлива победа на оваа политичка партија на изборите за Европскиот парламент одржани на 9 јуни, на кои, според Еко, добија поддршка од 31,4 отсто од гласачите.

Оваа партија има јасна предност пред Новиот народен фронт (НФП), кој има поддршка од 28 отсто од гласачите, но и пред центристичката коалиција на францускиот претседател Емануел Макрон, која ја поддржуваат 22 отсто од учесниците во истражувањето.

Слични содржини