Предложен притвор за извршителката од Кичево која физички нападна новинар и полицаец

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка осомничена дека во стек ги сторила кривичните дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и Фалсификување или уништување деловни книги.

Државното Јавно обвинитеслтво информира дека осомничената 60-годишна извршителка за Кичево вчера (21 март) најпрвин спречила службено лице – новинар кој се обидел да сними изјава од неа во врска со нејзиното постапување по предмет на извршување. Таа физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот.

-Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила изготвениот службен материјал, соопшти ЈОРСМ.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува „поради што јасно постои опасност од повторување на делото“.

Слични содржини