Предновогодишен концерт со ЕВРОПСКИ ШМЕК во СКОПЈЕ!

од Vladimir Zorba
123 прегледи

 

Првиот вистински блуз и џез ресторан, Бистро Скопје нуди врвно искуство ово јвикенд! Во организација на Чув де чув и новиот ресторан во центарот на Скопје, ќе се случат два врвни концерти на “Trio Gentlemen”, оперските пејачи кои им даваат нов, уникатен дух на светските хитови и веќе им парираат на постоечките состави како што се ,,IL DIVO”, ,,IL VOLO“ и други.

Уникатно  за овие концерти е тоа што во нив ќе може да уживат заедно со прекрасните гурмански специјалитети подготвени од Жика и Рубин, двајцата готвачи кои од неодамна го одбраа Бистро Скопје како последна нивна дестинација по повеќе врвни ресторани во нивната кариера.

Концертите  ќе се одржат овој петок и саботаод 21 часотдо 00.30 часот. За присуство ќе мора да побрзате и да резервирате неколку од малкуте преостанати места в оЧув де чув на 078 52 05 52 или на [email protected].

Бистро Скопје е ресторан кој  се отвори на местото на пекарата Мекиците од Стража во центарот на Скопје и е последен од низата проекти на компанијата Мекиците од Стража, со цел да се подобри угостителското искуство во Македонија и истото да се крене на повисоко ниво.