Предвремени избори во Словенија на 3 јуни

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Словенечкиот претседател Борут Пахор потпиша указ за спроведување на предвремени парламентарни избори на 3 јуни 2018 година Датумот за гласање беше одредена по завршувањето на состанокот со претставниците на главните политички сили во парламентот.

Одлуката за предвременото гласање беше усвоена   по оставката на словенечкиот премиер Миро Цезар на 14-ти март.

Претходно, Пахор рече дека нема да назначи премиер, а парламентарните групи, кои исто така имаат право да изберат кандидат за оваа позиција , не назнзачиле во законски временски рок. Цезар одлучи да поднесе оставка откако Врховниот суд на Словенија донесе одлука да ги откаже резултатите од минатогодишниот референдум за изградба на нов автопат во вредност од една милијарда евра. Тогаш поголемиот дел од гласачите го поддржаа проектот за изградба на транспортна маршрута дизајнирана за забрзување на товарен транспорт од градот Дивах до пристаништето Копер. Лобистичката група инсистираше на ревизија на резултатите од референдумот.