Прекрасните ножички на Жиру за победа на Челси против Атлетико (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Челси го совладаа Атлетико Мадрид со 1: 0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Натпреварот се одигра на Националниот стадион во Букурешт, а голот на одлуката го постигна Оливие Жиру.

По акцијата во 71. минута и дуелот помеѓу Мејсон Маунт и Марио Хермос, францускиот напаѓач ја доби топката на „послужавник“ во казнениот простор на Атлетико, а потоа со прекрасен удар со ножички го совлада Јан Облак за конечни 1:0.

Фудбалерите на Атлетик бараа офсајд, но судијата Феликс Брих го призна голот по консултација со судиите во ВАР собата.

Одличен потег на Жиру ја спаси дотогаш не баш интересната игра, во која ниту една екипа немаше ветувачка шанса за гол.

Се играше тврдо, а Атлетико ја имаше најдобрата можност во првото полувреме кога Луис Суарез влезе во казнениот простор од десната страна и ја испрати топката до втората статива каде доцнеше Анхел Кореа.

Реваншот е закажан за 17 март во Лондон.

Слични содржини