Премиерот на Чешка се сретна со Зеленски: „Иднината на Украина е во ЕУ и НАТО“

од Stefanija Kuzmanovska

Иднината на Украина е во ЕУ и НАТО, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Прага.

Фијала вети поголема поддршка од Чешка за Украина, вклучително и донација на повеќе воени хеликоптери, објави „Ројтерс“.

Зеленски рече дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да се бори против руските сили.

Слични содржини