Премиерот Заев се огласи на Фејсбук по победничкиот дуел со Мицкоски

од desk4

 

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера се огласи и на Фејсбук по дуелот со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

– СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да го уништуваме. Напротив, како него треба да се водат сите други. Затоа со новиот закон, СЈО, ќе биде оддел во јавното обвинителство со јасни ингеренции. Проблемот за опозицијата е што очигледно сака да го штити криминалот, па не го поддржува овој реформски закон. Одговорете на едноставно прашање: дали сакате Северна Макеоднија да напредува или сакате да ја видите закочена и повторно да не добие датум за преговори, кој го чекаме од 2005 година?, напиша вчера Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук.

Во синоќешниот ТВ дуелот на „Само Вистина” на Канал5, се одвивааше жестоки дебати за името, Договорот од Преспа, 27. април, настаните и казните за настаните во Собрание, економијата, непотизмот и други теми.

Општ впечаток на критичката јавност е дека Христијан Мицковски ги одбегна клучните одговори и го сокри  неговиот став за то дали повторно , како за реферемндумот,  ќе направи бојкот во вториот круг на  претседателските избори, дали ќе го почитува преспанскиот договор, кој е алтернативата за ЕУ и НАТО и дали ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите .

Лидерот Заев понуди педвремени парламентарни избори, ако побара опозицијата во случај на пораз на изборите, и најави дека нема отстапувања на борбата за датумот на преговорите, подвлекувајќи ако ВМРО ДПМНЕ сака да ги блокира овие процеси тие ќе најдат модел и во преговори со сите партии ќе  ја донесат  и доближат Република Северна Македонија до ЕУ.

Слични содржини