135
Премиерот Зоран Заев очекува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во Парламентот во Шпанија да заврши до крајот на јануари и Република Северна Македонија навремено да стане членка на Алијансата.
„Добро е што имаше успешни избори во Шпанија. Победи мојата левица. Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО“, рече премиерот.