Македонската репрезентација денеска го игра првиот натпревар од главната фаза на Европскиот шампионат против Шпанија. Доколку на овој дуел освоиме бод или два, тогаш ќе ни треба само победа над Чешка за да играме во полуфиналето.

Дел од навивачите што беа во првиот круг во Загреб останаа во Хрватска, дел тргнаа деновиве од Македонија директно за Вараждин, а дел од навивачкиот караван денеска ќе биде и премиерот Зоран Заев.
Заев е познат како голема љубител на ракометот, воопшто на спортот, а со него во Вараждин доаѓаат уште неколку луѓе од политичкиот врв на Македонија. Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.