Центарот за мир ЦИВИЛ својот Изборен прес-центар на денот на изборите- 21 април ќе го отвори во 6:00 часот во клуб „Менада“ (Стара Чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ) и ќе биде отворен до полноќ.
Прес-центарот на ЦИВИЛ ќе прима извештаи од теренот, како и пријави за нерегуларности од граѓаните.
Од ЦИВИЛ информираат дека нивните претставници ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес-конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел дискусии во 20 часот и во 21:30 часот, со учество на членови на Координативниот тим на ЦИВИЛ, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, правната експертка Сандра Гавриловска и други реномирани имиња.
-ЦИВИЛ ги повикува сите граѓани да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.
Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека објавува информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните на веб страниците www.civilmedia.mk