Претежно сончево со температури над просекот

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.

До сабота времето ќе биде претежно сончево на повеќе места со негативни утрински температури. Зголемена облачност ќе има од недела, а од почетокот на следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд.

Слични содржини