Претпладне дожд, попладне умерено облачно

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, кој во западните делови од земјата ќе биде умерен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 7 до 14 степени, а попладне од 13 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде, променливо облачно. Претпладне ќе има повремен дожд, а попладне ќе биде умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а попладне ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите на места ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Слични содржини