Гурбангули Бардимухамедов позицијата претседател ја наследи од Сапармурат Нијазов, кој беше најексцентричен лидер на некоја земја во поновата историја, а Бердимухамедов е на добар пат да го стигне.

Имено, тој ги забрани црните автомобили во главниот град Ашхабат, затоа што смета дека белите носат среќа.
Последите неколку недели градските власти на Ашхабад без предупредување почнаа да ги конфискуваат црните автомобили, посебно оние кои на време не добиле дозвола за префарбување.
Најзадоволни се автолакерите, затоа што цената за лакирање автомобил скокна од 7 на 11.000 манати, што е речиси еднакво на годишна плата.
Само за потсетување, Бердимухамедов е претседател на Туркменистан од 2006 година, а битката со црните автомобили ја води од 2015 кога забрани увоз на црни автомобили.
Одличен почеток, но се уште наивен во споредба со мерките на неговиот претходник НИјазов, кој се прогласи за татко на сите Туркмени, месеците во годината ги преименува според членови на семејството, а на централниот проштад постави своја скулптура изработена од злато која се движи според сонцето.