Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

од Milan1

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата смрт.

Слични содржини