Претседателот Пендаровски на средба со претставнички на Националниот совет за родова рамноправност

од Radmila Tasevska

Претседателот Стево Пендаровски денес ја прими Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност и претставнички на организацијата.

На средбата се разговараше за севкупните активности на организацијата, насочени кон постигнување на родова рамноправност, развој, заштита на женските права.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за активностите на организацијата, во која членуваат околу 116 локални формални и неформални женски организации и групи од урбани и рурални средини во државата и оддаде призанание за нивните заложби за политичко и економско јакнење на статусот на жените, за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи и за справување со родово базираното насилство.

Савка Тодоровска е носителка на признанието Повелба на Република Северна Македонија, доделено од претседателот Пендаровски, за исклучителен придонес и за посветеност во унапредувањето на родовата еднаквост во нашата држава, подигање на свеста на жените, нивна едукација и за нивно економско зајакнување, како и за непроценливиот труд и за досегашните заложби за еднакви можности во општеството.

Слични содржини